Подароци

Победник може да биде само еден. Доколку на крајот постојат повеќе лица со ист број точно пополнети парламентарни фотељи, тогаш победникот се бира со ждрепка, во присуство на непоткуплива жири комисија (ако треба и со мобилен ќе го снимаме ждребањето).

Победникот ја добива престижната и единствена титула:

СЕМАКЕДОНСКИ КРАЛ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОГНОЗИ (a.d. 2016)

Како и следниве подароци од Трендоленд:

Две гајби пиво!

Печено прасе во фурна!

(алтернатива: печено јагне или 10 кила брокула)

Тепсија баклава!

Изборите се приближуваат, со среќа на сите.... нас.

Институт за политички диети,
Трендоленд

П.С. Ако победникот е женско, тогаш е кралица
П.П.С. Сме давале и повредни награди ама никогаш до сега не сме биле во толкаво искушение да ги наместиме за нас :)